Русинот Евгениј Климов е изненадувачки победник на првото индивидуално натпреварување во новата сезона од Светскиот куп во скијачки скокови, откако беше најдобар во двете серии во полска Висла, потврдувајќи дека најдобриот скок од квалификациите не бил случаен.
Ова не само што е негова прва победа од Светскиот куп, туку е и прва победа во скијачки скокови на еден натпреварувач од Русија.
Подиумот покрај Климов го комплетираше Германецот Штефан Лајхе и Германецот Рјоју Кобајаши, додека домашниот фаворит Камил Штох мораше да се задоволи со четвртото место, откако вчера неговата Полска победи во тимското натпреварување.
Климов имаше скокови од 127.5 и 131.5 метри за да собере 263.4 поени, за победа пред Лајхе со 256.7 (124.5 и 130.5 метри) и Кобајаши со 255.6 (137.5 и 123 метри).
24-годишниот Климов дојде во Светскиот куп во ски скокови во 2015 година, откако претходно имаше просечна кариера на натпреварувач во нордиска комбинација (спорт кој ги комбинира скоковите со класични крос-кантри трки).
Во нордиска комбинација тој имаше најдобар пласман на 30. место, а по трансферот во скијачките скокови освои две медали на Универзијадата во Осрбље, Словачка во 2015 година, пред да дебитира во сезоната 2015/16.
Фото: ЕПА
Evgeniy Klimov is Russia’s first Ski Jumping World Cup winner!
He triumphs in Wisla! pic.twitter.com/nKqG5iA6yj
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 18, 2018