Новак Ѓоковиќ со значителна предност над конкурентите ја заврши годината на првото место на АТП листата. Брилијантниот втор дел од сезоната на Српскиот тенисер нема да му го расипе ниту синоќешниот пораз на завршниот Мастерс во Лондон.
Ѓоковиќ, на половина од сезоната се наоѓаше на 22.место на АТП листата,, но на крајот тој прв минува низ целта. Србинот, од крајот на јуни, освои две гренд-слем титули (Вимблдон и Ју-Ес Опен), победи на Мастерс турнирите во Синсинати и Шангај и играше финале на Мастерс турнирите во Париз и Лондон.
Србинот годината ја завршува со 9.045 бода, зад него е Рафаел Надал со 7.480. Шпанецот, поради повреда на коленот, не играше во Париз и Лондон. Трет е Роџер Федерер со 6.420 бода, а само 35 бода зад него е победникот во Лондон, Александар Зверев.
АТП листа, Топ 10:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 9.045
2. Рафаел Надал (Шпанија) – 7.480
3. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.385
4. Александар Зверев (Германија) – 6.385
5. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) – 5.300
6. Кевин Андерсон (Јужна Африка) – 4.710
7. Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.250
8. Доминик Тим (Австрија) 4.095
9. Кеи Нишикори (Јапонија) – 3.590
10. Џон Изнер (САД) – 3.155