Шестгодишниот Ренцо, со својот гест ги воодушеви сите фудбалски фанови во светот, особено оние што навиваат за истиот клуб, Ривер Плата.
Сабота е денот кога два, можеби и повеќе часа, времето ќе застане во престолнината на Аргентина, Буенос Аирес. Ривер Плата и Бока Јуниорс ќе го одиграат реваншот во Копа Ливбертадорес. Првиот меч на стадионот на Бока заврши со резултат 2:2. Инаку, ова е прв пат низ историјата дербито наречено Суперкласико да решава која од овое две екипи ќе биде шампион на Јужна Америка.
Поради тоа интересот за натпреварот е огромен, цела Аргентина сака да биде присутна на стадионот „Минументал“.
Момченцето Ренцо, навива за Ривер, нема пари за да купи билет, родителите го советувале да заработи, а тој дошол на генијална идеја.
„Ги продавам своите играчки за да се обидам да дојдам на Монументал“, напишал Ренцо на кутијата каде стојат неговите играчки.
Сликата, како шестгодишниот Ренцо ги продава своите играчи за да собере пари да купи влезница за натпреварот, неговите родители ја рашириле на „Фејсбук“.
Откако ја забележал претседателот на навивачките групи на Ривер Плата, момченцето добило билети. И не само тоа на неговата адреса пристигнал и потпишан дрес од клупската Легенда на Ривер Плата, Енцо Франческоли.