Во осмото коло од Евролигата, Будуќност го запиша и седмиот пораз, откако на гостувањето во Русија кај Химки беше декласирана со 85:69, во меч во кој се случи една работа која ретко се гледа – кошаркар постигна кош со глава.
Американецот Малколм Томас не внимаваше во рекетот на гостите, а Стефан Марковиќ му ја упати топката во главата, по што баскетот заврши во кошот. За Химки ова е само втора победа оваа сезона, додека Будуќност останува на еден триумф.
Just like it was drawn up ?@Jmickey_02 puts it in with his HEAD!#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/U3dQJ3LCYm
— EuroLeague (@EuroLeague) November 21, 2018
И во вториот „руски“ меч, домаќините стигнаа до победа, но многу потешко. На ЦСКА Москва и беше потребно продолжение за со минимални 99:97 да слави над литванскиот Жалгирис.
Панатаинакос пак, имаше одлично прво полувреме за на крајот да издржи за 76:70 победа над Барселона, искачувајќи се на шестото место на табелата со надежи за место во понатамошната фаза.
ЕВРОЛИГА, 8.КОЛО
Химки – Будуќност 85:69 (18:17, 27:13, 20:24, 20:15)
ЦСКА Москва – Жалгирис Каунас 99:97 (16:18, 21:20, 22:22, 27:26, 13:11)
Панатинаикос – Барселона 76:70 (13:10, 21:15, 21:25, 21:20)
Милано – Басконија 93:90 (27:26, 20:17, 26:25, 20:22)