Двајца италијански тенисери, Даниеле Брачали и Потито Стараче, се казнети бидејќи на турнирот во Барселона, во 2011 година, местеле мечеви.
Брачали доби доживотна забрана за настап и парична казна од 250.000 долари, додека Стараче е суспендиран на десет години и парично е казнет со 100.000 долари.
Тенисерите имаат право на жалба до Спортскиот суд во Лозана.
Брачали (40), во моментов се наоѓа на 100. место на дубл листата. Најдобриот ранкинг во сингл го имал во 2006 година, кога на АТП листата бил на 49. место.
Стараче (37) ја заврши кариерата, а најдобар пласман во кариерата му е 27.место во 2007 година.
Како дубл овие двајца во 2012 година играле во полу-финалето на Ролан Гарос.