Top Sport

Реал одговори за обвинувањата за Рамос со три поенти

Реал Мадрид бргу реагираше и застана во одбрана на својот капитен Серхио Рамос по обвинувањата на германскиот „Дер Шпигел“ дека дефанзивецот паднал на допинг тест на дексаметазон по финалето на Лигата на шампионите во 2017 година.

„Дер Шпигел“ својата истрага за допингот во фудбалот ја вршеше со документите на „Фудбал ликс“ и тврдеше дека покрај овој тест, имало неправилности во примерокот на Рамос и по мечот со Малага во април оваа година.

Реал Мадрид кратко ги демантираше овие наводи.

1.Серхио Рамос никогаш не ги прекршил правилата за допинг-контрола.

2.УЕФА бараше посебно известување и веднаш го затвори случајот по верификацијата од страна на Светската анти-допинг агенција, како и во другите случаи.

3.За другите обвинувања, клубот нема да одговара додека не добие докази.

„Фудбал ликс“: Серхио Рамос паднал на допинг тест по финалето на ЛШ во 2017!

Scroll to Top