Шпанските медиуми тврдат дека „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид ќе биде домаќин на одложениот втор меч од финалето на Копа Либертадорес, кога ќе завршат преговорите помеѓу шпанскиот премиер Педро Санчез и аргентинскиот претседател Маурисио Макри.
Иако ЦОНМЕБОЛ, јужноамериканската фудбалска конфедерација сакаше мечот да не си замине од Јужна Америка, под притисок на ФИФА е донесена одлука мечот да се игра во Европа на 9 декември, а во последен момент во игра биле Мадрид, и Париз со два кандидати – „Стад де Франс“ или „Паркот на принцовите“.
Иако одлуката уште не е официјална, „Бвин“, спонзорот на Реал Мадрид на својот Твитер профил објави дека одлуката е донесена, како и поголемиот дел од шпанските и аргентинските медиуми.
Ако се потврди, „Бернабеу“ ќе стане единствениот стадион на светот кој бил домаќин на финалиња од Лигата на шампионите на УЕФА, Светското првенство и Европското првенство. Во Мадрид има над 60.000 Аргентинци, а и доста од локалните жители ќе сакаат да го гледаат мечот, така што нема да има проблем со празни седишта.
Нема Суперкласико! ЦОНМЕБОЛ потврди: Ривер-Бока одложена на неопределено време