Top Sport

Металург загуби во последните 20 секунди во Нови Сад (видео)

Металург го забележа својот седми пораз во девет кола во регионалната СЕХА Газпром лига, откако на гостувањето во Нови Сад, Војводина беше подобра со минимални 31:30, губејќи ја предноста која ја имаа направено во првото полувреме.

Металург водеше со 17:15 по првите 30 минути, која ја зголеми на 20:17, по што домашниот тим успеа да се врати во игра и потоа да игра гол-за-гол сѐ до последната минута, кога Душко Челица го постигна победничкиот гол.

Челица имаше седум голови, додека Милош Грозданиќ уфрли осум за Војводина, додека Словенецот Александер Шпенде со седум гола беше најефикасен за македонскиот вице-шампион.

Металург останува на претпоследното место на табелата во СЕХА лигата со 4 поени, пред босанскохерцеговскио Извиѓач со еден поен, пред македонското дерби во регионалната лига со Вардар на 5 декември.

Фото: СЕХА лига

Scroll to Top