Баерн Минхен ја прекина лошата низа од три меча без победа во Бундеслигата, откако се намачи во северна Германија пред да стигне до 2:1 победа над Вердер, додека лидерот Борусија Дортмунд 2:0 го совлада Фрајбург за четврта победа во низа.
Баерн дојде до водство на „Весерстадион“ во 20. минута преку Серж Гнабри, но домаќините успеаја да израмнат во 33. минута по катастрофална грешка на одбраната на Баварците. Сепак, три поени за тимот на Нико Ковач успеа да донесе Гнабри во 50. минута.
Борусија пак, пред своите гледачи се намачи да го „скрши“ отпорот на Фрајбург пред да стигне до 1:0 водство преку голот од пенал на Ројс во 40. минута. Пако Алкасер уште еднаш покажа дека е во топ-форма со уште еден гол по истекот на 90-те минути.
Борусија останува без пораз во Бундеслигата со 33 поени на врвот на табелата, додека Баерн сега е трет со 24 поени.
Фото: ЕПА
БУНДЕСЛИГА, 13.КОЛО
Борусија Дортмунд – Фрајбург 2:0
Хановер – Херта 0:2
Штутгарт – Аугзбург 1:0
Вердер Бремен – Баерн Минхен 1:2
ВЕРДЕР – БАЕРН
БОРУСИЈА Д – ФРАЈБУРГ