Top Sport

Сѐ се враќа! Вардар го „нокаутираше“ Кјелце за второто место

Последниот меч на Вардар во Лигата на шампионите оваа календарска година заврши со слатка победа од 28:27 и „одмазда“ над полскиот Виве Кјелце, за да се пробие на второто место во групата А, веднаш зад лидерот Барселона.

Пред преполните трибини на „Јане Сандански“, вардарци имаа фуриозен старт и предност од почетокот до крајот на мечот, која накратко беше под закана да се претвори во драматичен финиш на мечот, но момците на Гарсија Парондо останаа стабилни во последните минути и ја забележаа шестата победа во 10 кола.

Тренерот Талант Душебаев и поранешните вардарци Алекс Душебеав и Лука Циндриќ, секако, беа пречекани со свирежи по контроверзниот прв меч во Полска.

Даинис Криштопанс беше најдобар за Вардар со шест постигнати голови, додека по четири имаа Дисингер, Скубе и Чупиќ, кој посебно имаше два клучни голови во второто полувреме. На голот одличен беше Дејан Милосављев со 11 одбрани.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 10.КОЛО

Бешикташ – Чеховски медведи 27:30 (17:17)

ППД Загреб – Мотор Запорожје 27:25 (14:11)

Пари Сен-Жермен – Скјерн 38:28 (19:13)

Вардар – Виве Кјелце 28:27 (14:11)

Фото: ЕПА

Scroll to Top