Top Sport

Јуве му оддаде почит на Давиде Астори

Иако ривалството меѓу Фиорентина и Јувентус е огромно, италијанскиот шампион пред гостувањето на „Артемио Франки“ му оддаде почит на починатиот капитен на Виола, Давиде Астори.

Астори почина во март оваа година во хотелска соба во Удине пред мечот на Фиорентина со Удинезе, шокирајќи го италијанскиот фудбал. Тој беше италијански репрезентативец.

Пред загревањето, Џорџо Кјелини и Хуан Квадрадо, двајца поранешни фудбалери на Фиорентина поставија цвеќе пред клупата на Фиорентина. Сепак, убавата атмосфера во Фиренца беше нарушена со свежи графити околу стадионот „Артемио Франки“ со погрдна содржина за жрвите на трагедијата од „Хејсел“ и поранешниот фудбалер на Јуве, Ширеа, за што официјално реагираше и директорот на клубот, Павел Недвед.

Кјелини и Јувентус ќе му оддадат почит на Астори

Scroll to Top