Top Sport

Металург добро се „држеше“ едно полувреме, но на крајот го запиша и деветтиот пораз во ЛШ

Настапите на Металург во ракометната Лига на шампиони завршија со пораз, деветти во 10 меча оваа сезона, откако на гостувањето кај словачкиот Татран Прешов загубија со 30:24 (15:13).

Македонскиот вице-шампион пружи достоен отпор на мечот со словачкиот тим кој бркаше пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, но на крајот немаше сили да ја впише втората победа (по таа над Чеховски медведи дома). Металург сезоната ја завршува на последното место во групата Ц.

Рајн-Некар Левен пак, од групата на Вардар, стигна до важна 32:27 победа на гостувањето кај Кристијанштад, за да остане во игра за пласман понатаму, откако се израмни со Кјелце со 12 поени на третото место на табелата во групата А, со еден поен помалку од македонскиот шампион.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 10.КОЛО

Бешикташ – Чеховски медведи 27:30 (17:17)

ППД Загреб – Мотор Запорожје 27:25 (14:11)

Пари Сен-Жермен – Скјерн 38:28 (19:13)

Вардар – Виве Кјелце 28:27 (14:11)

Кристијанштад – Рајн-Некар Левен 27:32 (13:18)

Татран Прешов – Металург 30:24 (15:13)

Scroll to Top