Точно на пладне во Даблин ќе бидат извлечени квалификациските групи за Европското првенство што ќе се одржи во 2020 година. ЕУРО 2020 ќе се игра низ цела Европа, во 12 градови, а завршницата (полу-финале и финале) ќе се игра во Лондон.
Ждрепката ќе биде полу-диригирана, откако УЕФА реши, некои селекции, поради политички тензии, да не бидат сместени во иста група.
Во иста група не може да бидат Србија и Косово, Босна и Херцеговина и Косово, Азербејџан и Ерменија, Русија и Украина, Шпанија и Гибралтар.
Исто така постојат рестрикции поради зимските услови и оддалеченоста на одредени држави.
Поради зимските услови, најмногу две од овие репрезентации ќе можат да бидат во иста група (Белорусија, Фарски острови, Естонија, Финска, Исланд, Литванија, Летонија, Норвешка, Русија и Украина).
Поради предолгите патувања во иста група може да се најде само една од овое двојки:
Азербејџан соИсланд или Португалија
Исланд со Ерменија, Кипар, Грузија или Израел
Казахстан со Андора, Англија, Франција, Исланд, Малта, Северна Ирска, Португалија, Шпанија, Велс, Република Ирска, Шкотска