Top Sport

Добра група за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација доби добра група во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Македонија на денешната ждрепка во Даблин ги избегна селекциите што се сметаат за апсолутни фаврити и доби противници со кои ќе може да игра.

Во Г-група македонските фудбалери ќе играат против Полска, Австрија, Израел, Словенија, и Латвија.

Квалификациите ќе започнат на 21.март, а последното коло ќе се одигра на 19.ноември наредната година.

Покрај низ групата, Македонија ќе има можност да обезбеди пласман на Европското првенство и низ плеј-офот во Лигата на Нации.

ЕУРО 2020 ќе биде 16.континентално првенство и ќе се одржува од 12.јуни до 12.јули 2020 година. Натпреварите ќе се играат во 12 града (Лондон, Минхен, Рим, Баку, Санкт Петербург, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов).

Распоред на квалификациските групи за ЕУРО 2020:

Група А: Англија, Чешка, Бугарија, Црна Гора, Косово,

Група Б: Португалија, Украина, Србија, Литванија, Луксембург,

Група Ц: Холандија, Германија, Северна Ирска, Естонија, Белорусија

Група Д: Швајцарија, Данска, Република Ирска, Грузија, Гибралтар,

Група Е: Хрватска, Велс, Словачка, Унгарија, Азербејџан,

Група Ф: Шпанија, Шведска, Норвешка, Романија, Фарски острови, Малта

Група Г: Полска, Австрија, Израел, Словенија, Македонија, Латвија

Група Х: Франција, Исланд, Турција, Албанија, Молдавија, Андора

Група И: Белгија, Русија, Шкотска, Кипар, Казахстан, Сан Марино

Група Ј: Италија, Босна и Херцеговина, Финска, Грција, Ерменија, Лихтенштајн

Scroll to Top