Top Sport

Романките ги „спуштија“ Германките на земја (видео)

Германките го направија најголемото изненадување на стартот на Европското првенство во Франција кога ги совладаа доминантните Норвежанки, но веќе во вториот меч на првенството, таа победа не им значеше ништо, откако Романките ги победија со 29:24 (14:11).

Предводени од фантастичната Дениса-Стефанија Деду на голот, Романките водеа во текот на целиот меч и на крајот имаат две победи по два меча на Евро 2018 пред дуелот со Норвешка. Елиза Јулија Бучески имаше фантастични 11 голови за Романија, додека Кристина-Георгијана Неагу со своите пет голови стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства со 206 гола. Јулија Бенке со осум гола беше најдобрата Германка.

Хрватките пак, по тешкиот пораз од Шпанија, го доживеаја и вториот пораз губејќи ги шансите за понатамошен пласман, откако Унгарија беше подобра со 24:18 (13:9).

ГРУПА Ц

Хрватска – Унгарија 18:24 (9:13)

Шпанија – Холандија 21.00 ч.

Табела: Шпанија 2, Унгарија 2, Холандија 2, Хрватска 0

ГРУПА Д

Германија – Романија 24:29 (11:14)

Норвешка – Чешка 21.00 ч.

Табела: Романија 4, Германија 2, Норвешка 0, Чешка 0

Scroll to Top