Top Sport

Му пресудија лошите резултати, Беризо доби отказ

Едуардо Беризо повеќе не е тренер на фудбалерите на Атлетик Билбао. Клубот му врачи отказ на Аргентинецот по синоќешниот пораз од Леванте (3:0).

Атлетик се наоѓа во криза, со само една победа во првенството, поради што клубот падна во опасната зона на табелата. Со само 11 бода, Атлетик е на 18.место на табелата.

Под палката на Беризо, Атлетик, нема победа на 13 натпревари во низа.

Беризо е поранешен тренер на Гимназија Ла Плата, О’Хигинс, Селта и Севилја.

Баските веднаш го именуваа и наследникот на Беризо, тоа е досегашниот тренер на младинскиот тим, Гаизка Гаритано. Како тренер Гаритано работел во Ваљадолид, Еибар и Ла Коруња.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');