Top Sport

Легендата на Киево, Пелисие: Дадов гол пред син ми, може да одам во пензија

Италијанскиот фудбалер Серџио Пелисие (39) од 1996 година е дел од клубовите во Серија А, но од 2002 тој е дел од „Летечките магариња“, тимот на Киево.

Оттогаш до сега во тимот, кој често го напушта најквалитетното фудбалско натпреварување на „Чизмата“ и пак се враќа назад, се сменија многу играчи и тренери, но Пелисие е верен на тимот.

Во последното лигашко коло, тој му даде гол на Лацио, вкупно 110-ти во Серија А, а сите за тимот на Киево.

Сепак, честа да го постигне овој гол Пелисие го имаше токму пред очите на неговиот седумгодишен син, Матео кој беше собирач на топки зад голот.

„Сакав да дадам гол пред син ми и сега можам да се пензионирам“ – рече Пелисие по мечот.

Прегратката меѓу таткото и синот викендов ја обиколи Италија.

Погледнете:

Scroll to Top