Хрватскиот ракометар репрезентативец Лука Циндриќ минатиот викенд повторно се врати во Скопје, овојпат во дресот на неговиот сегашен клуб полски Киелце.
При претставувањето на гостинските ракометари, преполниот „Јане Сандански“ со овации го пречека миленикот кој 3 сезони успешно ги бранеше боите на скопски Вардар.
На Инстаграм Циндриќ постираше фотографија под која напиша „Вардар, Комити, Скопје, Македонија – ви благодарам за сè“.