Французите, поради најавените анти-владини протести, ги одложија утрешните натпревари кој требаа да се одиграат на Европското првенство во ракомет за жени.
Натпреварите што утре од 15, односно 18 часот, требаа да ги одиграат Франција и Шведска, односно Србија и Русија, ќе се одиграат во истите термини в недела.
Покрај натпреварите на Европското првенство, во Франција се одложени и пет натпревари од Лига 1, во фудбалскиот шампионат.
В сабота во Франција ќе се одржат нови анти-владини протести, а низ целата земја ќе бидат ангажирани 89.000 полицајци. Минатиот викенд на протестите беа повредени 130, а уапсени повеќе од 400 луѓе.