Најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, изминатата ноќ понуди само пет натпревари, а предноста на домашниот терен не успеа да ја одбрани само Феникс Санс. Домашни триумфи забележаа Голден Стејт Вориорс, Бостон Селтикс, Орландо Меџик и Детроит Пистонс.
Бранителот на титулата Голден Стејт Вориорс, без Кевин Дурент, лесно се справи со Минесота. Третата четвртина (44:26) беше клучна за победата на Вориорс. Голден Стејт стигна до деветтиот триумв во 12.меч сезонава, додека Минесота има скор седум победи и четири порази.
Клеј Томпсон со 28 оени, односно Стеф Кари со 22 поени и по 8 скока и асистенции го предводеа тимот до победата, додека кај Минесота се издвоија Ендру Вигинс со 17 поени, односно Карл-Ентони Таунс со 16 поени и 12 скока.
НБА класикот дуелот на Бостон и ЛА Лејкерс им припадна на Селтикс иако играа без првиот центар Ал Хорфорд. Бостон победи 107:96 и со скор десет победи и два порази ја предводи Источната конференција во НБА лигата. Лејкерси на 11. натпревари имаа пет победи и шест порази.
Брендон Инграм и Џордан Кларксон со по 18 поени ги предводеа Лејкерси, додека кај победникот Арон Бејнс имаше 21 поен и 8 скока, а Кајри Ирвинг 19 поени, 6 скока и 5 асистенции.
НБА, Резултати:
Детроит-Индијана 114:97
Орландо-Њујорк 112:99
Бостон-ЛА Лејкерс 107:96
Феникс-Мајами 115:126
Голден Стејт-Минесота 125:101.