Македонските фудбалски репрезентативци, Александар Трајковски и Илија Несторовски на денешниот меч на Палермо нагости кај Падова во Серија Б постигнаа по еден гол во победата од 3-1.
Домаќините први дојдоа во водство во 30. минута, по што следуваше израмнување пред крајот на првото полувреме. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Трајковски на асистенција на Несторовски.
На 20-тина минути пред крајот на мечот и Илија Несторовски се запиша во листата на стрелци поставувајќи ги конечните 3-1.
Со оваа победа Палермо останува втор на табелата со изгледи за враќање во најквалитетното фудбалско друштво во Италија.