Top Sport

Атлетико 80 минути се плашеше, во фуриозен финиш го скрши отпорот на Алавес (видео)

Атлетикот Мадрид со домашен триумф од 3:0 против Алавес ја отвори денешната програма во шпанската Примера.

Иако резултатот изгледа убедлив, сепак до 82 минута навивачите на домашниот тим се плашеа од можно изненадување, а голот на Облак беше под постојани напади.

Хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ помалку среќно во 25 минута постигна гол со стомак за 1:0.
Се до 82 минута резултатот беше отворен, повеќето шанси беа пред голот на Алавес, но тогаш, во финишот со головите на Гризман и Родриго отпорот на гостинот беше скршен и Атлетико прокнижи 3 нови бода.

Со нив сега тимот од Мадрид се израмни со водечката Барселона со по 28, со тоа што Каталонците вечерва ги чека градското дерби со Еспаљол.

Scroll to Top