ФИФА и Синдикатот на професионалните фудбалери (ФИФПро) потпишале договор кој ќе ги штити играчите од самовилието на клубовите и ќе ги зголеми нивните права.
Најважниот договор за фудбалерите, по „паравилото на Босман“ од 1995 година, ќе го смени системот на трансфери и ќе ги реши нивните проблеми со доцнењето на платите и проблемот со мобинг.
ФИФПро со години води борба за зголемување на правата на фудбалерите, дури и ја тужеше ФИФА во Советот на Европа, бидејќи иако играчите се вработени ги немаа истите права како и останатите работници во Европската унија.
Синдикатот не успеа до крај да ги протурка своите барања, но се задоволи со одредени промени кои се договорени со ФИФА и УЕФА.
Најважната работа за фудбалерите е што ќе можат да го раскинат договор со клубот доколку платата им доцни повеќе од два месеци и доколку се жртви на навредливо однесување.
Инаку, доколку Советот на Европа позитивно с изјаснеше по тужбата на ФИФПро и правата на фудбалерите беа идентични како оние кои ги имаат работниците според европското законодаввство, тогаш, тие како и останатите работници, ќе можеа да одадт од компанија во компанија. Немаше да постојат никави обесштетувања, тренинг компензации и слични други работи.
Доколку тоа се случеше ќе предизвикаше вистинска фудбалска револуција.
„Овој договор покажува меѓусебно разбирање помеѓу двете организации и преставува чекор напред, најголем уште од 2001 година. Убеден сум дека ќе донесе големи и позитивни промени во фудбалот. Морам да потсетам дека големите, богати клубови водат грижа за играчите, но исто така постојат многу мали клубови кои не ги почитуваат работничките и синдикалните права на фудбалерите и тоа мора да се смени. Овој договор ќе ги заштити фудбалерите ширум светот и се радувам на идната соработка“, рекол претседателот на ФИФПро, Филип Пјат.
Првите промени треба да бидат само почеток на процесот кој во иднина би можел да донесе револуција во фудбалот, како што во минатото револуција предизвика „правилот на Босман“.