Фудбалерите на Валенсија и Севилја попладнево одиграа нерешено 1-1 во натпреварот од 15. коло во шпанската Примера.
На стадионот „Местаља“ Севилја дојде во водство во 55 минута со голот на Сарабија. Бод и вкупно деветто првенствено реми за Валенсија донесе Муктар Дијакаби во 92 минута.
Со ова Севилја пропушти можност барем на кратко да го заземе првото место на табелата. Вака се изедначи со бројот на бодови (по 28) со Барселона, која има натпревар помалку и со Атлетико Мадрид.
Валенсија сега со освоениот бод е на 12 позиција на табела со 18 бодови.