Top Sport

„Ѓаволите“ од Манчестер се распукаа на Фулам, Арсенал едвај го победи Хадерсфилд (видео)

Манчестер јунајтед на четири последни натпревари во Премиер лигата немаше победа, се до попладнево кога високо го совладаа Фулам на „Олд Трафорд“ со 4-1.

Ешли Јанг погоди за 1-0, па на 2-0 зголеми Хуан Мата. Конечно, малерот го скрши Белгиецот Ромелу Лукаку кој долг период немаше постигнато погодок.

Фулам успеа да постигна почесен гол преку Камара од пенал, додека Маркус Рашфорд ги постави конечните 4-1.
Тмот на Арсенал цел натпревар имаше иницијатива, шанси, но не успеваше да го најде патот до мрежата на голот на Хадерсфилд.

Сепак „Топчиите“, по промашувањата на Обамејанг и Лаказет, во финишот преку Лукас Тореира успеаја да дојдат до победа од 1-0 и важни 3 бода.

На останатите три попладневни натпревари во Премиер лигата Барнли го победи Брајтон со 1-0, Кардиф со истиот резултат славеше против Саутемптон 1-0, додека поуспешен во ревијата голови на мечот Вест хем – Кристал Палас беше домашниот тим кој славеше со резултат 3-2.




Scroll to Top