Top Sport

Манџукиќ ќе добие нов договор

Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ би можел да го продолжи договорот со Јувентус и во Торино да ја заврши кариерата. „Кориере дело спорт“ пишува дека клубот ќе му понуди договор на Хрватот до 2020 година.

Доколку Манџукиќ го прифати договорот тоа значи дека Јувентус ќе биде последниот клуб во неговата кариера. Тој меѓу другите има настапувано за Волфсбург, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.

Со доаѓањето на Кристијано Роналдо се шпекулираше дека за Манџукиќ ќе нема место во тимот, но тој го докажа спротивното, одигра неколку одлични натпревари, како што беше оној во петокот против Интер.

Доколку се согласи на нов договор, Манџукиќ ќе морал да прифати и помала плата, односно наместо досегашните 3,5 милиони евра, клубот ќе му понудел три милиони евра по сезона.

Scroll to Top