Top Sport

Меси со мајсторски удари од далечина го сруши Еспањол во градското дерби (видео)

Барселона со високи 4-0 го прегази Еспањол во дербито на Каталонија, а победата оди најмногу по заслуга на капитенот, Лионел Меси.

Ѕвездата на Барса погоди двапати ефектно од слободен удар, а асистираше и при погодокот на Дембеле во 26 минута од мечот.

На листата на стрелци се запиша и Луис Суарез, во 45 минута од мечот.
Барса со новата победа се зацврсти на врвот на табелата со 31 бод, зад неа се Севилја и Атлетико со по 28 бода.

Scroll to Top