Норвежанките покажаа зошто се актуелни европски шампионки, откако ја декласираа Холандија со 29:16 во претпоследното коло во втората фаза во групата 2, за да ги задржат шансите за пласман во полуфинале пред интересното последно коло.
По лошиот старт на шампионатот, Норвешка играше со цели сили против досегашното најпријатно изненадување на турнирот, Холандија, доминирајќи од почеток до крај за уште во првото полувреме да направат предност од осум гола (15:7).
Марит Јакобсен имаше пет гола, а по четири дадоа Раистад, Ауне и Офтедал, додека Холанѓанките ги предводеше Естевана Полман со четири гола. На голот на Норвешка блескаше Катрине Лунде со над 50% одбрани.
Сега, теоретски дури пет репрезентации утре ќе се борат за пласман во полуфиналето – Романија и Холандија (по 6 поени) и Норвешка, Германија и Унгарија (по 4 поени). Норвежанките почнуваат со отпишаната Шпанија во 15.45 часот, а многу работи ќе бидат појасни по дуелот Унгарија-Романија во 18 часот. Во 21 часот играат Холандија и Германија.
ГРУПА 2
Романија – Шпанија 27:25 (10:12)
Холандија – Норвешка 16:29 (7:15)
Табела: 1.Романија 6, 2.Холандија 6, 3.Норвешка 4, 3.Германија 4, 4.Унгарија 4, 6.Шпанија 0.
Kristiansen shows Amega is not the only back with a powerful ground shot on the court ? What a shot! #NEDNOR #ehfeuro2018 #handballissime @NORhandball pic.twitter.com/Qctqxgsr19
— EHF EURO (@EHFEURO) December 11, 2018
? @NORhandball hold a 15:7 advantage over @nedteamhandbal at half-time and they were definitely helped by a classic Lunde performance. She’s on a 56% save rate after 30 mins #NEDNOR #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/chwocB2LSz
— EHF EURO (@EHFEURO) December 11, 2018
Save and save again! Lunde is on fire for @NORhandball ? She maintains a huge rate of 54% #NEDNOR #ehfeuro2018 #handballissime pic.twitter.com/ayHF9RnD0n
— EHF EURO (@EHFEURO) December 11, 2018