Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа нова победа во АБА2 лигата откако предмалку славеа со резултат 71:75 против тимот на Спарс Сарајево.
За избраниците на тренерот Кочов ова е осма победа во единаесеттиот натпревар во регионалното натпреварување со што „Аеродромци“ избија на втората позиција на табелата.
Пред тимот на МЗТ на табелата е само тимот на Приморска, кој сезонава не знае за пораз во АБА2.
Најефикасен во победничката екипа денеска беше Џејмс Вудард со 24 поени на кои придодаде 5 скока, 2 асистенции и 4 украдени топки.
Зад него одличен учинок имаше Иванов со 19 поени и Медфорд со 10 поени, од кои клучните три во завршните моменти од мечот.
Кај домашниот тим најдобар беше Абијаниќ со 14 поени и 11 скока.