Бекот на Манчестер сити, Ајмерик Лапорт признава дека е исфрустриран што постојано го исклучуваат од француската репрезентација и вели дека селекторот Дидие Дешам има нешто против него.
24-годишниот Лапорт оваа година е еден од најдобрите дефанзивци во Европа и иако ги помина сите јуниорски репрезентации, досега не добил повик за сениорската репрезентација. Лапорт, кој е Баскиец по националност вели дека има нешто во исклучувањето.
„Тоа прашање има само еден одговор – има тренер кој не ме повикува, така што јас можам само да работам напорно и тоа е тоа. Секако, не верувам дека се работи за спортски причини, така што ќе мора да го прашате сами. Јас немам ништо против него, но некој има проблем со мене. Можев да бидам светски шампион, но тренерот одлучи да не бидам таму поради лични причини. Да го повикам? Зошто? Да зборувам против него? Не, очигледно, нема. Единствен човек кој може да го реши ова е тренерот“, објаснува Лапорт.
Тој може да игра и за шпанската репрезентација, и поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао вели дека нема можност да го смени дресот.
„Да играм со Шпанија? Тоа е затворено прашање, бидејќи сакам да одам во Франција поради тоа што сум Французин. Немам двојно државјанство и нема да барам и не верувам дека е можно да играм за Шпанија“, додава Французинот.
Фото: ЕПА