Големото шпанско дерби во 12. коло во Евролигата беше еднострано и актуелниот шампион Реал Мадрид уште еднаш покажа дека е ривал за титулата откако со 92:65 ја „растури“ Барселона.
Гостите водеа само на почетокот на мечот, и Реал направи огромна предност во втората третина за да има +23 (53:50) на полувреме. По ова следуваше рутинско доведување на мечот до крај и конечна разлика од +27.
Треј Томпкинс имаше 17 поени за „кралевите“, додека 16 уфрли Ентони Рендолф, додека за Барса најдобар беше Томас Хуртел со 16 поени.
Фенербахче исто така продолжи со добрата игра, победувајќи ги Армани Милано со 92:85 и покрај 31 поен на Мајк Џејмс во дресот на италијанскиот тим. Марко Гудуриќ имаше 20, а Јан Весели 17 за Фенер.
Фото: ЕПА
ЕВРОЛИГА, 12.КОЛО
Олимпијакос – Анадолу Ефес 88:81 (25:12, 23:34, 17:22, 23:13)
ЦСКА Москва – Химки 88:74 (24:17, 25:23, 26:13, 13:21)
Фенербахче – Милано 92:85 (15:21, 25:19, 27:18, 25:27)
Макаби Тел Авив – Басконија 79:81 (17:22, 24:14, 20:18, 18:27)
Реал Мадрид – Барселона 92:65 (22:17, 31:13, 16:20, 23:15)