Реал Мадрид, во кошаркарското „Ел Класкио“, одиграно во Евролигата, ја декласира Барселона 92:65, со што на противникот со камата му се реваншираше за неодамнешниот пораз во домашното првенство.
Мечот го обележа моментот од финишот на првото полувреме, а во главната улога ја имаше Факундо Кампацо.
Кошаркарите на Барселона го имаа последниот напад во првиот дел, при водство на Реал од 20 поени. Нападот играчите на Барселона не успеаја да го реализираат, топката дојде до Кампацо кој шутираше преку целиот терен и успеа да погоди.
Подоцна е пресметано дека Кампацо бил оддалечен од кошот на противникот 25 метри.
CAMPAZZO!! ?
He beats the ? all the way from ??! #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/ZH26OLmyXo
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 13, 2018