Обидите на Барселона да го вратат „на вистински пат“, Усман Дембеле одат дотаму што тренерот Ернесто Валвреде му забрани да го исклучува својот мобилен телефон, за така да може да биде достапен кога ќе направи „некој проблем“.
Валверде верува дека проблемите со Дембеле и неговото доцнење на тренинзите и ноншалантно однесување полека се решаваат, и останува супер-задоволен од неговата фудбалска форма.
Главен проблем останува ноќниот живот на младиот Французин, иако не се работи за вообичаени проблеми, туку за играње на видео-игри и гледање на ТВ-серии, што значи останување до доцна буден.
Во неделата тој пак се услап, и уште еднаш задоцнил два часа на тренинзи и сега не само што му е забрането да го исклучува мобилниот, туку и не смее да го остави на „тивок“ режим на работа.
Инаку, досега, клубот го казни со 200.000 евра Дембеле, но парите очигледно не се проблем за фудбалерот за кој Барса плати 150 милиони евра.
Фото: ЕПА
Преудпредување за Дембеле: Среди се или ќе бидеш суспендиран