Top Sport

Најдоа човек! АИК продаде „доживотен“ билет за 19.000 евра!

Шведскиот шампион АИК Стокхолм успеа да ја продаде својата прва „вечна картичка“, доживотен сезонски билет со кој среќниот купувач ќе може да ги следи натпреварите на омилениот тим до крајот на животот. За „само“ 19.000 евра.

Со цена од 189.100 шведски круни (бидејќи клубот е основан во 1891 година), Магнус Кек реши да инвестира во својот омилен клуб и да стане првиот носител на овој елитен билет.

Кек веќе има блиски бизнис-врски со АИК, преку пилјарата која ја поседува во близина на стадионто на АИК. Тој неодамна се сретна со комерцијалниот менаџер на клубот, Стефан Јонасон и пет минути по состанокот се реши да стане носител на „вечната картичка“.

„Го прашав Стефан колку вакви картички продале и тој ми призна дека никој не купил уште. Јас бев заинтересиран веднаш по објавата, а бидејќи имам стандарден годишен билет и сум член на клубот, решив да ја земам и картичката како прв во историјата. Никој нема да се сеќава на вториот. Работам од мојата 15-та година и во последно време бизнисот ми оди подобро, така што нема да ми претставува голем проблем. Немам деца, така што АИК ми е како замена“, вели Магнус Как.

Шведскиот АИК Стокхолм ќе почне да нуди доживотни билети!

Scroll to Top