Top Sport

Спалети и покрај фијаското во ЛШ тврди: Интер не се во криза

Тренерот на Интер, Лучано Спалети очекува „итна реакција“ на фудбалерите по двојниот удар – поразот во дербито од Јувентус во петокот и елиминацијата од Лигата на шампионите, но инсистира дека „нераѕурите“ не се во криза и покрај тоа што имаат само една победа во последните седум меча во сите натпреварувања.

„Клучно е да имаме итна реакција. Морам да кажам дека овие момци ја заслужуваат поддршката од навивачите, кои јасно изразија дека не се задоволни и затоа мораме да почнеме од почеток. Ова е прв чекор, и не знаеме до каде ќе не однесе патот, но мораме да почнеме“, вели Спалети пред мечот со Удинезе.

Минатата зима „бенеамата“ исто така имаа низа од само една победа во 10 меча, но Спалети вели дека ситуацијата сега е поинаква.

„Ако ги погледнете нашите резултати, морате да погледнете и што се случуваше на тие натпревари и како беше дојдено до исходот. Фудбалерите работат на вистинскиот начин, загубивме меч, и сите не боли, но играме добро. Сега сме 14 поени зад Јувентус, но почнавме од 29 поени зад нив на седмото место лани. Нема да исфрлиме ништо од тоа што сме го направиле досега, но мора да покажеме дека работиме“, додава Спалети.

Фото: ЕПА

Scroll to Top