Динамо Загреб со 1:0 го совлада Хајдук од Сплит во уште едно големо дерби на хрватскиот фудбал, решено со убав гол од слободен удар, и одбележано со нов прекин од страна на навивачките групи „Бед блу бојс“ и „Торцида“.
Мечот на „Максимир“ беше решен во 49. минута, кога полскиот интернационалец Дамијан Кадзиор постигна гол од слободен удар.
Мечот пред 11 илјади гледачи беше накратко прекинат во 77. минута, кога двете навивачки групи почнаа да фрлаат факли на теренот.
Со победата, Динамо останува цврсто на првото место со 45 поени, 11 повеќе од второпласираниот Осиек, додека Хајдук е далеку на шестото место со само 23 освоени поени.