Јапонија има нов „летечки“ човек. Рјоју Кобајаши стигна до нова победа во Светскиот куп во скијачки скокови, израмнувајќи го рекордот на скокалницата во швајцарскиот Енгелберг од 144 метри (претходниот рекорд беше на Домен Превц) за доминантен триумф.
Кобајаши имаше скокови од 144 и 137 метри за да собере 294.4 поени за победа пред Полјаците Пјотр Зила (137.5 и 135 метри) и Камил Штох (138 и 131 метри). Вчерашниот победник Карл Гајгер беше четврти пред уште еден Полјак Давид Кубацки.
22-годишниот Кобајаши веќе има четири победи во Светскиот куп оваа сезона, откако ја започна сезоната со пет последователни пласмани на подиумот. Тој е лидер во генерален пласман со 556 поени пред Зила со 445 и Штох со 365, пред најголемото натпреварување од сезоната, новогодишната турнеја „4 скокалници“.
Das letzte Podium vor Tourneebeginn bilden nicht zum ersten Mal in dieser Saison Ryoyu #Kobayashi, Piotr #Zyla und Kamil #Stoch ?? #4hills #roadto4hills #4hillsarecoming #weltcup #engelberg pic.twitter.com/rNoGlhTEwl
— Vierschanzentournee (@vier_schanzen) December 16, 2018