Само два дена откако излезе од болницата во Сараево каде што беше на операција на тенкото црево, селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки заврши во кафеана со својот добар пријател, хрватскиот актер и водител Тарик Филиповиќ.
„Доктор Филиповиќ утврди дека здравствената состојба на селекторот Просинечки секој ден е сѐ подобра и може да се почне со походот на ЕП. Со надеж дека големиот ’жути’ ќе стане жолто-син“, напиша Филиповиќ на својот Инстаграм профил со фотографија со Хрватот.
Просинечки беше итно однесен во болница на 22 ноември откако му се слоши, по што беше на двочасовна операција.