Аргентинецот Лионел Меси по рекорден петтипат ја доби престижната „Златна копачка“ за најдобар голгетер во Европа.
Меси во дресот на шпанска Барселона во сезоната 2017/18 постигна 34 гола во Примера, па сега со новото одличје тој стана првиот фудбалер во историјата со пет трофеи „Златна копачка“.
Претходно Аргентинецот признанието го дови и во 2009/10, 2010/11, 2012/13 и 2016/17.
Меси зад себе ги остави Мохамед Салах кој за Ливерпул постигна 32 гола во Премиер лига, и Хари Кејн од Тотенхем имаше 30 погодоци.
The #Messi moment you’ve all been waiting for. pic.twitter.com/yjiogbzSYf
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 18, 2018