Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер се подготвува за јануарскиот преоден рок, па од челниците на клубот побарал да доведат стопер и десно крило.
Од клубот обезбедиле 55 милиони евра за засилувања до крајот на сезоната, а Норвежанецот сака со тие пари да ги доведе на „Олд Трафорд“ Тоби Алдервирелд од Тотенхем и Даглас Коста од Јувентус.
Овие двајца фудбалери нема шанси да се доведат за само 55 милиони евра, па челниците на „Црвените ѓаволи“ кројат план како да ја исполнат желбата на стратегот.
Алдервирелд би добил улога на водач на одбраната на Јунајтед која на 17 меча прими дури 29 гола.
Од друга страна, пак, Диего Коста не е во стартниот тим на Јувентус кој од Баерн Минхен го купи за 36 милиони евра, па Бразилецот би можел лесно да се солгласи за промена на средината.