Легендарниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ предвидува дека Роџер Федерер и Рафаел Надал константно ќе паѓаат, додека Новак Ѓоковиќ ќе владее со тенисот и со АТП листата.
„Можеби Роџер и Рафа се најдобри на сите времиња, можеби уште некоја година ќе бидат на врвот, но тоа би ме изненадило“ – вели Иванишевиќ за „Тајмс“.
Хрватот вели дека ситуацијата со Ѓоковиќ е дијаметрално спротивна.
„Штом се врати на терен, веднаш се виде дека Новак повторно ќе биде број еден. На неговиот тренер пред Вимблдон оваа година му реков дека ќе ја освои титулата. Бев во право иако Ѓоковиќ тогаш беше на 21. место на АТП листата“- со гордост кажува Иванишевиќ.
Хрватскиот екс-тенисер има трофеј од Вимблдон во 2001 година, иако во главната жрепка тогаш влегол како 125 играч во светот.
„Ѓоковиќ е Србин, а јас сум Хрват. Ние од Балканот размислуваме поинаку во однос на останатие. Нас бројките не не интересираат. Новак ќе биде најдобар во 2019 година“ – смета искусниот тениски ас.