Аргентинска Ривер Плата предмалку убедливо, со 4:0 ја совлада јапонска Кашима и го освои третото место на клупското Светско првенство што се одржува во Абу Даби, ОАЕ.
Јужноамериканците беа подобриот ривал, заслужено победија иако последните два гола беа постигнати во самиот финиш од мечот кога играта на Јапонците комплетно се распадна.
Во првиот дел љубителите на фудбалот видоа само еден погодок, оној на Зуцулини, на асистенција на Де ла Круз, за 1-0 по првите 45 минути.
Во вториот дел Ривер продолжи со доминацијата, па за дуплирање на водството се чекаше до 73 минута кога Мартинез погоди за 2-0.
Кога сите очекуваа крај на мечот, Аргентинците најпрво во 89 минута, по пеналот на Боре зголемија на 3-0, додека конечните 4-0 беа дело на Мартинез во 93 минута, кој по вторпат се запиша во листата на стрелците.
За Ривер Плате ова е прво трето место. Тимот зад себе има едно финале, во 2015 година против Барселона.
Борбата за трофејот на Светското клупско првенство меѓу Реал Мадрид и Ал Аин е денеска со почеток од 17.30
https://youtube.com/watch?v=EnmIW8Qcoz4