Top Sport

Клоп: Во телефонот имам само едно селфи, со Лео Меси!

Германецот пак е во центарот на вниманието, овојпат поради изјава дадена за Ливерпул ТВ каде вели дека во мобилиот телефон има само едно селфи и тоа со ѕвездата на Барселона, Лео Меси.

Клоп во изјавата потенцира дека често се слика со играчите на Ливерпул, ама со нивните телефони. Сепак јасно е дека стратегот на „Црвените“ од Ливерпул е голем фан на Меси.

„Само од еден играч сум побарал да се сликаме. На својот мобилен телефон имам едно селфи, и тоа со Лео Меси. И Кристијано Роналдо во тој момент беше со нас во истата просторија, но…“ – рекол тренерот на Ливерпул.

Scroll to Top