Ѕвездата на Ливерпул, Роберто Фирмино вели дека се навикнал на англиската божиќна традиција, односно играњето на многу фудбал околу празниците, нешто што не е прифатливо во другите фудбалски земји.
Во интервју со „Мирор“, напаѓачот кој е роден во Масеио во државата Алагоа на море и температури од 30-тина степени, вели дека за 19-те фудбалери кои се родени во Бразил и настапуваат во англиската Премиер лига чувството е „поинакво“.
„Божиќ во Англија е многу различен од Божиќ во Бразил, поради многу причини, на и надвор од фудбалскиот терен. Но, тука сум од 2015 година и веќе се навикнав да играм фудбал овие денови. Кога бев во Германија, таму лигата сопираше за празниците, но тука божиќните празници значат и фудбал. Не ми пречи, бидејќи на крајот играме за фановите“, вели Фирмино.
Додека на северната полутопка е зима со температури околу нулата, во Бразил во моментов е лето и време за плажа и карневали.
„Божиќ во Англија, ако не играм, значи поминување на време дома со семејството, со многу храна и со продукти од Бразил, и разменување на подароци, кои мораат да останат тајни. Во Бразил, Божиќ значи нешто друго. Жештина, лето, плажа, многу различна облека“, вели Фирмино.