Хофенхајм го одигра шестото реми во низа во Бундеслигата, откако дома со Мајнц одигра 1:1, додека Волфсбург со 3:2 триумфираше во Аугзбург за да се доближи до топ 4 пласман во последните два меча од 17. коло, по кое следува зимската пауза во Германија.
Керем Демирбај им донесе водство на домаќините во 11. минута, пред Жан-Филип Матета само пет минути подоцна да израмни за Мајнц. Хофенхајм останува на седмото место со 25 поени, додека Мајнц има четири помалку на 12. место на табелата.
Претходно, Волфсбург на драматичен начин стигна до 3:2 победа на гостувањето кај Аугзбург за да се искачи на петтото место на табелата.
БУНДЕСЛИГА, 17.КОЛО
Аугзбург – Волфсбург 2:3
Хофенхајм – Мајнц 1:1
Фото: ЕПА