Top Sport

Роналдо од клупа ќе го гледа Јуве во Бергамо, добива божиќна поштеда

Актуелниот шампион во Италија, тимот на Јувентус веќе утре, ден после католичкиот Божиќ, гостува во Бергамо кај Аталанта во 18 коло од Серија А.

Иако нема одмор за „бјанконерите“, сепак тренерот на тимот, Масимилијано Алегри изјави дека првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо ќе добие поштеда.

„Ќе биде на клупата за резерви со мене. За првпат заедно ќе гледаме натпревар од клупата. Читав нешто за неговата статистика, головите и бројките, но тој тоа мора да го чува за март, за периодот кога продолжува Лигата на шампионите и кога ќе треба да направи разлика. Верувам дека е уште подобар од претходните сезони“ – рече Алегри.

Јувентус моментно е прв на табелата во Серија А со 49 бода по 17 натпревари, додека нивниот утрешник противник Аталанта е на деветтото место со 24 освоени бодови.

Scroll to Top