Top Sport

Австралија опен без повредениот Гаске

Францускиот тениски ветеран, Ришар Гаске потврди дека нема да настапи на првиот гренд слем од новата 2019 година, Австралија опен во јануари откако не успеа да се опорави од повредата на бутниот мускул.

32-годишниот Гаске претходно го пропушти и финалето од Дејвис купот против Хрватска во ноември, кое Французитего загубија.

„Уште имам проблеми со левата нога и се надевам дека ќе се вратам на тенисот во февруари, но засега јануари е ’отпишан’ за мене“, изјави Гаске.

Гаске, кој првиот настап во Мелбурн го имаше во 2003 година, минатата година стигна до четвртото коло, каде што загуби од подоцнежниот шампион Роџер Федерер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top