Според германскиот таблоид „ТЗ“, крилото на Баерн Минхен, Кингсли Коман пред божиќните празници имал незгодна сообраќајна несреќа на југот на германскиот град удирајќи се во банкината со својот Мекларен 720С, автомобил вреден 200.000 евра.
Полицијата потврдила дека немало повредени во инцидентот, додека автомобилот бил целосно уништен. Несреќата се случила на 23 декември, еден ден по 3:0 победата на Баерн над Ајнтрахт Франкфурт, кога Коман патувал од Минхен до Штарнберг, на пат со ограничување на брзината од 80 км/ч. Автомобилот удрил во банкината се излизгал и застанал 150 метри подоцна. Коман бил прегледан од амбулантното возило кое пристигнало, а потоа со такси се вратил дома.
Коман претходно се фалеше со прекрасниот автомобил на Инстаграм.