Mасимилијано Алегри ги отфрли шпекулациите дека е прва „мета“ на Манчестер јунајтед, велејќи дека е сосема среќен во Јувентус.
Според британскиот „Тајмс“, Алегри бил заинтересиран да го наследи Оле Гунар Солксјер како постојан тренер на англискиот гигант и веќе почнал да зема лекции по англиски јазик пред можниот трансфер.
„Јас сум многу среќен во Јувентус. Правиме големи работи и заедно со клубот остануваме на истиот план. Декември е и пред нас има многу важни натпревари“, вели Алегри.
Договорот на 51-годишниот Италијанец завршува во 2020 година, шест години откако беше именуван за тренер на „старата дама“ во 2014 година. Тој има четири титули во низа со Јуве, и две финалиња од ЛШ (2015, 2017).
„Италијанскиот фудбал е фасцинантен и воопшто не сум заситен од него. Сакам да останам и да го направам уште подобар. Надвор од овој свет на фудбалот има многу работи кои треба да се направат, да ги вклучиме децата и да изградиме подобра иднина на фудбалот во Италија“, додаде Алегри.
Фото: ЕПА