Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски на првиот ден од новата 2019 година успеа да се запише во листата на стрелците за неговиот тим Лидс Јунајтед во редовното коло во Чемпионшим во Англија. Сепак голот на Алиоски не беше доволен за неговиот тим да избегне пораз на гостувањето кај Нотингем Форест, конечниот резултат беше 4-2 за домаќините.
Алиоски голот го постигна во 65 минута за предност на Лидс од 1-2, иако неговиот тим играше со 10 играчи од 42 минута по исклучувањето на Филипс.
Алиоски по еден центаршут од левата страна се најде небранет од никого на само неколку метри од гол линијата, па лесно реализираше.
Погледнете го првенецот на Алиоски во 2019 година:
ALIOSKI WHAT A HERO AND LEEDS ARE 2-1 UP WGUAFC #LUFC pic.twitter.com/AMZ7ZEznsv
— LUFC Goals (@LUFC_Goals) January 1, 2019